top of page

ЗАУМ

ЗАУМ е македонски бренд вкоренет во повеќе од 120 години семејна традиција, посветен на производство на висококвалитетни, органски производи од лешник во хармонија со природата. Со длабока почит кон изработката и наследството, ЗАУМ ги спојува методите тестирани со време со силна посветеност на одржливоста. ЗАУМ ја следи филозофијата за нула отпад за да го минимизира влијанието врз животната средина. ЗАУМ нуди низа природни производи како органски путер од лешник и намази на база на мед, сите направени без адитиви, конзерванси или палмино масло. Секој производ е внимателно изработен за да се зачува чистотата и хранливата вредност на состојките.

Повеќе информации: https://zaumorganic.com/

kalinka-1.jpg

Тера Мегдан

Тера Мегдан ДОО Валандово се занимава со производство на уникатни македонски еколошки производи (сок од калинка, сиров мед, домашна валандовска маслинка ферментирана на традиционален начин), кои се сопствено производство или од локални партнери со строго контролирано географско потекло. Насадите се органски сертифицирани, а во тек е органска сертификација на производството и на самите производи. 

Од асортиманот на Тера мегдан, во нашето портфолио нудиме 100% природни производи од брендот КУВЕТ, произведени во најблиска можна сирова и оригинална верзија на основните продукти кои ги дала природата, без конзерванси, додадени шеќери, бои и адитиви, произведени по пат на чисти природни процеси на производство зачинети со многу љубов. 100% сок од калинка, органски и природен, 100% природни високо-квалитетни валандовски маслинки рачно собирани и селектирани, ферментирани без додатоци и конзерванси - нашата земја дава здрава храна, Тера мегдан ја пакува природата за вас. 

Повеќе информации: www.kuvet.mk

Тргопродукт

Друштво за преработка на овошје и зеленчук ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз с.Дабиље Струмица е веќе познато низ целиот свет со својот бренд Мама’с, но она што можеби не го знаат потрошувачите е дека Тргопродукт ги подготвува и највкусните зимници од овошјето и зеленчукот во Струмичкиот регион, конзервирани под брендот Мерак. И за сите мераклии ние ги нудиме производите пакувани во стаклена амбалажа: цвекло 680гр, корнишон 680гр, корнишон 2300гр, феферони 310гр, феферони 630гр, ѓувеч 820гр, печена пиперка 650гр, чорбаџиска пиперка 310гр, чорбаџиска пиперка 630гр и мешана салата 660гр. 

Избор 

Социјалното претпријатие Избор во рамки на кој работи и Центар за професионална рехабилитација на лица со попречености, преку професионална поддршка од стручен тим комбинирана со работна терапија, во Струмичко произведуваат врвни производи од овошје и зеленчук. Од дел од асортиманот на Избор ги нудиме и тоа органски јаболков оцет, производите од органски сушен зеленчук и овошје - органски сушен домат 50гр, органска везена лута пиперка 25 гр, органска лута пиперка (чили) 25гр, органска сушена аронија 100гр, како и природно произведени зачини и зеленчуци сушен спанаќ 50гр. , сушени модри патлиџани 50гр. , сушени домати 50 гр. , сушени пиперки 50гр. , лук во прав 50 гр. /1/15, лук во гранули 40гр./1/15, куркума во прав 50 гр,/1/15, ѓумбир во прав 50 гр./1/15, кари во прав 50 гр./1/15

Чест ни е да го поддржиме ентузијазмот и инклузијата која им ја овозможува Избор на овие лица, кои ги произведуваат најприродните дарови од нашата земја.

 

Повеќе информации за Избор: https://www.facebook.com/izbor.strumica

Б – Органик 

Б – Органик е здружение на 16 органски производители на храна од македонско потекло, кои одгледуваат и произведуваат сертифицирани органски производи од бадем, грав, јаболко и јапонско јаболко, органски мед и лешници. Производите кои ги нудиме од Б – Органик се органски бадем ферењез, органски грав цацар, сушени јаболка, сушени јапонски јаболка, органски мед, лешници и органски путери од бадем – со чоколада, обичен и со крцкави бадеми. 

Повеќе информации: https://borganic.mk/

Вардарска долина

Вардарска долина

Основана во 2000 година, Винаријата Вардарска Долина е сместена во срцето на Тиквешките лозја, во живописното село Курија, близу до градот Неготино во Македонија.

Изградена врз богатото наследство на производство на вино во овој регион и користејќи најсовремени технолошки процеси во винската индустрија, нашата винарија прерасна во импресивен капацитет од 1,8 милиони шишиња вино со исклучителен квалитет.

Нашиот избор на вина вклучува: Шардоне, Гевурцтраминер, Мускат Темјаника, Ризлинг, Р’кацители, Грашевина, Вранец, Каберне Совињон, Пино Ноар и Мерло

.

Голем дел од нашето производство е наменето за извоз во странство, во земји како Јапонија, Хрватска, Германија, Чешка, Србија, Канада и други.

Нашите лозја се протегаат на 25 хектари на кои се одгледуваат разновидни сорти грозје, вклучувајќи Траминец, Темјаника, Шардоне, Вранец, Каберне Совињон, Р’кацители и Каберне Франк. Поголемиот дел од грозјето го добиваме од постојаните партнери, со што воспоставуваме силна врска која ни овозможува внимателно да го надгледуваме растот, заштитата и бербата на грозјето во нивните лозја.

Тимот на искусни експерти во Вардарска посветено ги почитува строгите стандарди за квалитет на грозјето и техники на берба. Оваа посветеност им осигурува на нашите вина да се издвојуваат со својот уникатен стил, постојан квалитет и автентичност. Со текот на годините, нашата посветеност кон производство на вино од највисок квалитет ни донесе признанија на бројни престижни фестивали.

Повеќе информации: https://www.vardarskadolina.mk/

ChiaDia

ChiaDia – Штип, е производител на природен безалкохолен освежителен пијалак со чиа без додадени шеќери, адитиви и конзерванси. Инспирирани од Мексико каде за прв пат пробуваат чиа пијалак, двете сестри Горгиеви создаваат формула која е совршена симбиоза помеѓу здрави намирници ChiaDia – природен безалкохолен освежителен пијалак без додадени шеќери, адитиви и конзерванси. 

Повеќе информации: https://chiadia.com/

Untitled design-32.png

Био Плус Дооел – Скопје

Био Плус Дооел – Скопје се производител на ZEN соковите. ZEN соковите се прават само од најдобрите состојки добиени од природата. Ладно цедено само здраво, зрело овошје пакувано во еколошки стаклени шишиња за да се зачува оригиналниот вкус и свежина. Во соковите никогаш не се додаваат концентрати, конзерванси, шеќер и вода. Специјалниот рецепт и изборот на овошје им дава на ZEN соковите уникатен и незаборавен вкус. Поради нивните природни состојки, нашите сокови се препорачуваат на деца и бремени жени, како и на сите што се грижат за своето здравје.

Повеќе информации: https://zen.mk/

Потребен ви е партнер за дистрибуција на производ?

Работиме партнерски со производителите. Работиме со македонски врвни производи за здрава и органска храна, со главен фокус на Б брендови кај постојните производители или А брендови кои немаат развиено силна перспектива во рамките на дадена категорија, односно имаат многу мало процентуално учество во категоријата помало и од 2% во целата територија/категорија.

Склучуваме договор за дистрибуција и соработка со производителите, го проценуваме потенцијалот на пазарот, им помагаме да креираат цена на својот производ која ќе овозможи одржлив раст и профитабилност и на производителите и на продажните места, а при тоа да ги пресретне и можностите на крајните купувачи за купување на здрава и органска храна од македонско потекло. 

Ги дистрибуираме производите во македонските продавачи на големо, хард-дисконтери, специјализираните продавници, локалните ланци на маркети и помалите продажни места за да обезбедиме видливост и зголемување на продажбата за бенефит на сите.

 

Отворени сме за соработка, и доколку сметате дека вашиот производ се вклопува во нашата приказна, ќе ни биде чест да соработуваме. 

Каде може да ги најдете нашите производи?

Производите во моментот се дистрибуираат од страна на Friends&Partners во рамките на целата држава, во сите продажни места на мало и големо како што се: специјализирани продавници за здрава храна, хард-дисконтерите, локалните ланци, традиционалните продавници, помали продажни места, ХОРЕКА…

  Брзи линкови

Контакт

ул. Бојмија бр.4, Скопје

contact@fip.mk

Следете нѐ 

  • instagram
  • facebook

© 2023 Френдс и Партнерс. Сите права се задржани.

bottom of page