овозможување на најдобра додадена вредност, маржа и заработка;
поддршка на македонските продавачи на големо, хард-дисконтери, специјализираните продавници, локалните ланци на маркети и помалите продажни места во долгорочниот пристап: ликвидност и силна позиција во привлекување на потрошувачи во нивните продажни места.
Мисија и визија

Им помагаме и ги поддржуваме малите и средни производители на здрава и органска храна во Македонија да ги доближат своите производи до крајните купувачи и тоа преку:

За нас
Френдс и Партнерс е дистрибутер на македонска органска и здрава храна и напитоци. Искуството кое го стекнавме со работата со врвни светски брендови го пренесуваме во нашата мисија да им помогнеме и да ги поддржиме малите и средни производители на здрава и органска храна во Македонија да ги доближат своите производи до крајните купувачи во земјата и во регионот.
Компанијата е основана во 2022 година од страна на ентузијасти, експерти во дистрибуција и продажба на врвни брендови во FMCG секторот со цел да ја зајакне продажбата и пласманот на производителите на здрава и органска храна во Македонија и да го зајакне присуството на македонски брендови во продажните места ширум земјата и во регионот.
